Храна и Пијалаци рецепт

Како да направите совршен карамела крем?!

За да биде успешна тортата или колачот што содржи фил од карамела, треба да испадне правилно. Многу домаќинки прават барем една од овие грешки, па филот е горчлив или полн со грутки.

1. Користите садови со тенко дно

Имајте на ум дека тавите со тенко дно се загреваат нерамномерно, па дел од шеќерот ќе изгори, а дел нема да се стопи. Наместо тоа, изберете тава со подебело дно од нерѓосувачки челик.

2. Во истото тавче го варите и кармелизирате филот

Избегнете го ова. За филот да биде едноличен, треба да користите чисти садови.

3. Не користите бел шеќер

Задолжително користете бел шеќер и држете се до рецептот, за да не го расипете вкусот на филот.

4. Готвите на силен или тивок оган

Не го правете филот со карамела на силен или тивок оган. Прилагодете ја топлината на средно за да дозволите шеќерот да се стопи и да се згусне доволно.

To top