Храна и Пијалаци Лесно и вкусно

Проја со компири: Лесна за правење и многу вкусна за јадење

По печењето останува мека, а компирот дава побогат вкус.

Проја со компири: Лесна за правење и многу вкусна за јадење

Проја со компири е лесна за правење, но многу мека и полна со вкус.

Доброто е што состојките и количината можете да ги прилагодите по желба.

Проја со компири е една од варијациите за правење проја. По печењето останува мека, а компирот дава побогат вкус.

Состојки:

500 гр компири, 130 грама палента или пченкарно брашно, 130 грама брашно, 60 милилитри масло, 2 јајца, 100 милилитри павлака или јогурт, 125 грама ситно сецкано сирење, сол по вкус, масло за подмачкување на плехот, пола пециво.

За да направите проја со компири, прво излупете ги компирите, исецкајте ги, варете половина час и исцедете.

После тоа,  изматете ги јајцата со вилушка и додадете кисела павлака, сол, брашно и палента и добро измешајте.

Додадете сирење, масло и претходно сварените компири, а потоа добро измешајте.

Ставете ја целата смеса во тава што претходно била подмачкана и испечете ја на 200 степени околу половина час.

To top