Храна и Пијалаци го зголемува шеќерот во крвта

Нутриционист предупредува: Банани не треба да јадете за појадок

-Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни, изјавил нутриционистот.

Нутриционист предупредува: Банани не треба да јадете за појадок

Ако сте како повеќето луѓе, наутро во брзање, значи дека појадувате нешто што може да се јаде во движење и набрзина. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.

-Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни, изјавил нутриционистот.

Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат вашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии кои откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќер во крвта. На прво место, треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.

Теми на денот

To top