Си седиме така друштво, меѓу две шмркања кафенце си играме шенгеле и се потсмеваме со ајвански- очајната тема „мигранти нa СДС“, го троламе Филипче кој фаќа штрафта од прес конференции и оди по бајачки од уплав од новинари, Обиџуко како стартер на лавината на СДС-криминал кој по Нова година со новичок државен обвинител ќе земе срцепарателни размери на Бихаќка, кога една фантастична мисла ни паѓа на ум…
Ало, та чуму СДС не ја земе Катица Јанева за водач на својот Антикорупциски тим? Толку „саливена“ личност за тој уште потолку инфантилна партија, корумпирана на секое можно ниво, до гуша. Проверена госпожа, која така силно и толку бескомпромисно се „бореше“ со македонскиот криминал. Лидерка со тапија, прашјате ги ББС ако не верувате, Бејли и Гарет исто. Башка, ни повеќе ни помалку, абе Чарлиев ангел. Море трите нека си ги земат, цела екипа со Ленче и Фетаи, каков „повратак џедаја“ би било тоа, а?
Замислете ја само Катица со двеве подостарени лепојки до себе натопорена на говорница на Бихаќка, а зад нив како „појачање“ ѕиркаат Заев, Филипче, Спасовски, Таче, Коста Петров, Рашковски, Ден Дончев, Мухи, Димова, Вицето и Љупче Путерот, исто ко оние копиљаците без бркови кои му го чуваат грбот и му даваат вештачка доза на невиност на монтипајтоновскиот настап на Венко.
Овие пак, „чуварите“ на грбот на Јанева- кој од кој покримос, ред со коса, ред без, ама сите со џебови длабоки ко Охридско Езеро. Досие и зла кон Македонија, исто…
Меѓу едно и друго разоткривање на имагинарна корупција, може да си прават и реален интерен натпревар меѓу себе. Да се види, чии рачиња се најлепливи? Па, да се докажувааат – кој украл повеќе? Да се јачаат – кој најдолго од сите ќе издржи на слобода? Кој, пак, да се јадат – најдолго ќе лежи во затвор? А, конкуренцијата, јака, појака здравје.
Ок, многу подобро ќе им одговара името КОРУПЦИСКИ ТИМ, но барем повеќе нема да ги злоупотребуваат оние СДС копиљаците во сегашниот „тим“, пубертетлии кои на пауза меѓу откривање корупција си стискаат мозолчиња, играат серва и џамлии, сурфаат скришно по сајтови за возрасни и сонуваат да станат Зоран Заев. Со саде некој месец повеќе од годините за кои Венко и Зоче би добиле инстант-тужба за злоупотреба на малолетници во политички цели.
Добро би било, што со таков нов КОРУПЦИСКИ ТИМ, можете топ-тан да ги спакувате во ќорка. Ленче и Фатиме може да им бидат адвокати, та и онака ич не ги бива за обвинителки, докажано.
Е, ова би ти бил ТИТАНИК, не оној на Кејти Џејн. Конечен крај на една инфантилна гангстерска банда, која е навреда за Македонија, исфрустрирана екипа дилајли, криминалци и скројевиќи кои откако новинарите им го подбраа „лидерот“ за бежанката од новинарите, по прес-конференции три дена плукаа, јавно жигосуваа и девалвираа цели, неподобни за нив редакции.
Дури и срочија „Кучињата лаат, карванот си врви“?! Јако, ненандминливо, „промуќурно“ до бескрај, се измачиле пустите.
Прво, народни поговорки од ваша уста наликуваат на слон во пижами. Немате ни „Н“ од од нешто народно во себе, патетични елитистички хохштаплери познати по консумација на бели линии по бироата на Бихаќка. Гарант и црвените линии на Филипче сте ги „средиле“ по грешка, во темница и брзање не сте виделе дека не се бели. Второ, иако сте за греота и мизерни, не не’ навредувате со поимот КУЧИЊА, тоа се едни прекрасни и доблесни суштества, грдо и навредливо би било да не споредите со нивото на вашиот морал, доблесност и не дај Боже, македонштина. Трето, ќе „лаеме“ и натаму, гласно и јасно за секоја антимакедонска глупост која ќе ја направите, а ќе направите многу, за тоа сте створени, мрзеливи неработници со инвентивност на граница на топла вода. Четврто, карванот не ви врви. Одамна. Нема„проѓа“ кај никого, освен потсмев, а ако мислите на движење, залетувањето во рикверц во 5-та не е тоа тоа. Единствено што „врви“ е вашето членство кое во врвулици си врви кон ЗНАМ и Левица.
Знаете, од јануари – февруари, почнува обелоденувањето на мега-криминалот од 7-годишното владеење, кое сега чмае и се крие по фиоките на октроираниот Љупче во ЈО. Сега врескате и измислувате нeекакви си мигранти за отстапница, девалвирате и ралативизирате со лажни вести и уште полажни демек владини криминали, Грујо од уста не го вадите, демек сите биле исти, се’ и се’ за да глумите некаков политички, а не криминален прогон. Кој ви следува, 102%…
Да, ви врви времето. Чом бил во позиција на низок старт и на готовс за гаснење на светлото на Бихаќка.
Искрено, Катица може и за лидер на партија да си ја ставите. Каква-таква, има помало досие од последните ви тројца лидери, Заев, Таче и Фичо, чии траги ги криеја двајцата заштитниците во низа во ЈО, Јовески и Коцевски. Ако биде, па нека биде Јанева, та нели крајот делото го краси?
П.С.
Многумина велат дека индолентната тема МИГРАНТИ ви ја склепал некој партиски пи-ар ќелепур со помош на вештачка интелигенција. Јанлаш се. Тие веројатно не знаат дека ниту ВИ не може да се справи со ПГ, природна глупост…
