Свет војна

Израел: Убивме уште еден командант на Хамас

Израел соопшти дека еден од командантите на Хамас, Мохамед Абу Хасна е убиен во воздушен напад во Појасот Газа, пренесе Ројтерс.

Израел: Убивме уште еден командант на Хамас

Израел соопшти дека еден од командантите на Хамас, Мохамед Абу Хасна е убиен во воздушен напад во Појасот Газа, пренесе Ројтерс.

Палестинските здравствени власти соопштија дека загинале уште четири лица, меѓу кои и еден работник на Обединетите нации.

Израелската армија истакна дека во нападот бил убиен Абу Хасна, кого го опишува како милитант кој обезбедувал разузнавачки информации за позициите на израелските сили и, како што е наведено, „исто така бил вклучен во контролата на хуманитарната помош и испраќањето на таа помош до терористите на Хамас“.

Милитантната група Хамас рече дека Абу Хасна бил член на нивните полициски сили и го нарече неговото убиство „кукавички чин“ чија цел е да ја попречи дистрибуцијата на помошта.

Хамас идентификуваше уште едно убиено лице, шефот на Комитетот за итни случаи во Рафа, Нидал ал-Шеик Еид.

To top