Генерал Мајор Грегори Најт, помошник генерален командант на Националната гарда на Вермонт, ја посети Република Северна Македонија за да оствари средба со лидерите на земјава со цел да дискутира за идните проекти со Армијата на Република Северна Македонија, објави амбасадата на САД во земјава на својот Фејсбук профил.
На средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски, Генерал Мајор Најт ја нагласи важноста на неверојатното 30-годишно партнерство помеѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Северна Македонија и силната воена соработка, велат од американската амбасада.