По официјалната посета на САД, премиерот Христијан Мицкоски веднаш се врати на работните обврски во македонската Влада.
„Од Аеродром Петровец, во Владата на Илинденска. Заедно со министрите за финансии, Гордана Кочовска Димитриевска и за здравство, Арбен Таравари, бараме модел за финансирање и функционирање на ветените Клиничка болница Штип и болницата во Кичево“, истакна тој.
Премиерот на својот Фејсбук профил напиша дека работат на остварување на ветувањата кои му ги дадоа на народот.
„Работиме за остварување на ветеното. Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство. За тебе, за секој еден човек“, истакна Мицкоски.