На 17.06.2024 во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.