„За почеток да се прифати оставката на Бујар Османи“. Оваа порака ја испраќаат од Демократскиот сојуз, по депонираните оставки на фунцкионерите на ДУИ.
-Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф. ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта.
стои во реакцијата на ДС.
ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања,без при тоа да се направат пошироки консултации.
За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија,
Во неа исто така е потенцирано дека Владата немала поддршка ниту од грѓаните, ниту од парламентот и додадоа дека сметаа дека се потребни избори.