Македонија изминативе седум години

Мицкоски до Ковачевски: СДСМ ја направивте измеќар на ДУИ, од мачиња лавови не бива

„Сега целокупната критика кон ДУИ се сведува на играње фудбалче кај Артан Груби во кабинет, а негови партиски луѓе купуваа имоти по Македонија, кога се случуваа безброј други скандали, Ковачевски, кој ќе повторам ќе го помине во тешка опозиција, ќе сме виделе што ќе им направат. Ништо нема да им направи. Од мачиња лавови не бива, денот по утрото се познава, само може да продолжат да бидат измеќари“, кажа Мицкоски.

Мицкоски до Ковачевски: СДСМ ја направивте измеќар на ДУИ, од мачиња лавови не бива

Често пати бев засрамен од тоа како СДСМ како главен измеќар се однесуваше кон ДУИ, и тоа изминативе седум години. Се чудев и си го поставував прашањето што е тоа што ги натера СДСМ од државотворна партија, од стожерна партија во раните деведесетти да се претворат во измеќар на Али Ахмети и Артан Груби. И не се радував, ниту пак сега се радувам, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот дуелот за Македонија во Само Вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Мицкоски додаде, дека по ова што го кажува Ковачевски, или им се закани жестоко дека во следниот мандат кој ќе го помине во опозиција немало да дозволи фудбалчиња, ништо нема да направат.

„Сега целокупната критика кон ДУИ се сведува на играње фудбалче кај Артан Груби во кабинет, а негови партиски луѓе купуваа имоти по Македонија, кога се случуваа безброј други скандали, Ковачевски, кој ќе повторам ќе го помине во тешка опозиција, ќе сме виделе што ќе им направат. Ништо нема да им направи. Од мачиња лавови не бива, денот по утрото се познава, само може да продолжат да бидат измеќари“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека токму поради ова народот на 24 април и 8 мај ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

To top