Познати

УПАТИЈА САМО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА РЕЧЕНИЦА: Се огласија Меган и Хари по веста дека принцезата Кејт има рак!

УПАТИЈА САМО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА РЕЧЕНИЦА: Се огласија Меган и Хари по веста дека принцезата Кејт има рак!

Принцот Хари и Меган Маркл во јавно соопштение ѝ посакаа брзо закрепнување на Кејт Мидлтон, после веста дека има канцер.

Откако Кејт Мидлтон откри дека ѝ е дијагностициран канцер на 42 години, во видеото кое го шокираше светот, многумина ѝ упатија порака за поддршка.

Меѓу нив бил и нејзиниот свекор Чарлс Трети, а самата принцеза од Велс признала дека најголема поддршка ѝ е сопругот Вилијам и дека најпредизвикувачки ѝ било состојбата да им ја објасни на своите деца, како и тоа дека оди на хемотерапии.

Меѓу оние кои се огласија се и принцот Хари и Меган Маркл.

Родениот брат на сопругот на Кејт, Вилијам и неговата сопруга само кратко се огласиле откако Кејт објави дека боледува од канцер.

„Ѝ посакуваме здравје и оздравување на Кејт и нејзиното семејство и се надеваме дека ќе можат да ги сочуваат приватноста и мирот“, изјавиле кратко за „Harper’s Bazaar“ Хари и Меган во соопштение.

Останува непознато дали Хари ќе допатува во Велика Британија, како што тоа го направи кога беше откриено дека кралот Чарлс, неговиот татко, боледува од канцер, пренесува „Daily Mail“.

To top