Се појавила нова снимка од Милјан Хофман Видовиќ, еден од двајца браќа кикбоксери кои дојдоа во центарот на вниманието во БиХ и Србија по заканите за угостителите во местото Модрича во БиХ и други инциденти во Босна и Херцеговина и Србија.
На новата снимка Милјан Хофман Видовиќ во зграда тепа човек кој клечи на под. Го дави и го удира и притоа вели: „Зошто си праќал пораки на мојата сопруга?“
Браќата веќе со денови ги полнат медиумите со своите инциденти.
Прво е објавена снимка од Љубан Видовиќ како со група непознати луѓе во Модрича во БиХ посетува угостителски објекти и им се заканува на сопствениците.
Подоцна испливало и видео кое го прикажува неговиот брат Милјан како напаѓа келнер.
Još jedna bravura ove budale… krimos na baterije. Pouka mlađim generacijama, ne mešajte drogu i steroide i ne družite se sa režimskim 💩 da ne dođete do ovog nivoa retardacije pic.twitter.com/8ZytuxfWGD
— Usrana Motka (@usrana_motka) November 9, 2023
Кикбоксери познати по криминал
Двајцата се кикбоксери со успешни кариери. Љубан е некогашен шампион на Европа во кикбокс, а Милјан, борејќи се под знамето на Србија, во 2013-та година ја освоил титулата шампион на светот во дисциплината К-1 полутешка категорија до 81 килограм. Но, кариерите им останале во сенка на криминалните активности.
Против нив во 2018-та година се водела постапка бидејќи во мај таа година го киднапирале Ненад Јаковљевиќ од Бијелина. Подоцна Љубан, откако се предал, го признал делото, велејќи дека тој и брат му го направиле тоа за да наплатат долг.
„Klix.ba“ потсетува дека окружниот суд во Бања Лука го осудил Љубан на една година затвор, но тој казната ја заменил со паричен износ од 18.050 конвертибилни марки.
Милјан бил во центарот на вниманието додека бил приватно обезбедување на извршители кои дошле да ја одземат куќата на семејството Коциќ на улицата Максим Горки. Како што пишувале медиумите, тој со група млади луѓе и асистирал на полицијата и извршителите.
„Nova.rs“ пишува дека Милјан е снимен и пред неколку месеци со група луѓе во Панчево, пред протестите на земјоделците во тој град. Протестите биле насочени и против режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Со групата хулигани во која бил и Милјан Хофман Видовиќ, тогаш бил и генералниот секретар на владата на Србија, Новак Недиќ.
Miljan Hofman Vidović koji je prošle godine na snimku razbijao protest paora sa Vučićevim državnim sekretarom Novakom Nedećem, a danas na snimku koji je objavila Republika (portal srpskog telegrafa, SNS glasilo). Jedino što mi je logično da mu je ovo besplatna reklama za usluge pic.twitter.com/hdHXEjjcEn
— Usrana Motka (@usrana_motka) November 8, 2023