Македонија земјоделци на протести

Трипуновски: 7 години Филипче и СДС имаа катастрофални политики за земјоделците кои резултираа со масовни протести, нека не глумат сега лажна загриженост

Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот“, наведува во објавата Трупуновски.

Трипуновски: 7 години Филипче и СДС имаа катастрофални политики за земјоделците кои резултираа со масовни протести, нека не глумат сега лажна загриженост

Венко Филипче денес зборува дека земјоделието е во лоша состојба, но токму во периодот кога тој беше дел од владата на СДС земјоделците излегуваа на протести поради катастрофалните политики на власта, објави министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на својот ферсбук профил.

„Каква забеганост. Човекот тоне во сопствената немоќ, партијата му се распаѓа, рејтингот му е еднаков на статистичка грешка, а тој упорно зборува за тема за која повеќе од очигледно не ја разбира.

На толку криминални тендери, на толку украдени пари, Венко Филипче денеска лажно глуми загриженост за земјоделците, како наводно состојбата била лоша.

Седум години СДС не мрдна со прст за земјоделците. Ги игнорираа и понижуваа земјоделците и затоа денеска се таму каде што се, со едвај 15 пратеници во Парламентот“, наведува во објавата Трупуновски.

-Мој совет по втор пат до Венко Филипче е тој што му го води пи-арот веднаш да го откаже, зошто се повеќе сум сигурен дека некој од внатре го мести. Понекогаш молчењето е подобра стратегија, особено кога фактите не се на негова страна, додаде тој.

„Нека се држи до турбо фолкот и нека го следи и пее Харис Џиновиќ.

Во продолжение му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“, потенцира Трипуновски во огјавата.

Најнови вести од Македонија

To top