Скопје МОДЕРЕН ЛИК ЗА КОМПЛЕКСОТ „РАСАДНИК“

ФОТО: Во завршна фаза новиот плоштад пред спортската сала „Расадник“

ФОТО: Во завршна фаза новиот плоштад пред спортската сала „Расадник“

Во финална фаза е изградбата на новиот сквер пред спортската сала „Расадник“, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри, информираат од Општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода

-Овој значаен проект за нашата општина го реализираме со средства од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините. Просторот пред салата го трансформираме во прекрасно и современо урбано катче преку поплочување со травертин, изградба на светлечка фонтана, поставување на нови клупи и ново осветлување. Комплетната слика наскоро ќе биде надополнета и со богато хортикултурно уредување кое вистински ќе го оплемени плоштадот, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Истакнува дека на тој начин конечно се заокружува функционалноста и ликот на Кисела Вода целиот спортски комплекс.

Министерството за спорт, во соработка со Општина Кисела Вода, веќе ја привршува темелната реконструкција на самата сала, додека паралелно Оштината партерно го уредува просторот околу неа.

To top