Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Македонија.
Според неофицијални информации претреси се вршат на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.
При претресите, се очекува да бидат одземени одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.
Како што дознаваме, едно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение „Струмичка петорка“, кој воедно е и водител е на подкаст.
Б.К. се поврзува и со лицето Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.