Свет

Израел и САД го напаѓаат Иран, Трамп го поздрави „големиот ден“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнале со напади врз цели во Техеран рано утрово.

Израел и САД го напаѓаат Иран, Трамп го поздрави „големиот ден“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнале со напади врз цели во Техеран рано утрово.

„ИДФ моментално ја напаѓа воената инфраструктура на иранскиот терористички режим низ целиот Техеран“, соопшти војската во објава на Телеграм, без да даде дополнителни детали.

Околу 30 минути подоцна, ИДФ соопшти дека „идентификувале ракети лансирани од Иран кон територијата на Државата Израел“.

„Одбранбените системи работат за да ја пресретнат заканата“, се наведува.

Претходно, претседателот Доналд Трамп изјави дека американската војска, исто така, нападнала и уништила неколку клучни цели во Иран, опишувајќи го како „голем ден“ и пофалувајќи ги американските сили како „најдобри и најсмртоносни во светот“ во објава на „Truth Social“.

Трамп рече дека „многу долго барани цели“ се елиминирани, но не даде дополнителни детали.

Израел и Соединетите Држави започнаа заеднички воени операции против Иран кон крајот на февруари.

To top