Вести

Саудиска Арабија, Турција и Египет на разговори во Исламабад за прекин на војната

Пакистан планира да биде домаќин на високи дипломати од Саудиска Арабија, Турција и Египет во обид да се постигне деескалација на тензиите и прекин на војната на Блискиот Исток, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.

Како што пренесе ДПА, вицепремиерот и министер за надворешни работи, Исхак Дар, упати официјална покана до своите колеги од „братските“ земји за средби што ќе се одржат на 29 и 30 март.

Пакистан, кој дели граница од 900 километри со Иран, се позиционира како клучен медијатор меѓу САД, Израел и Иран.

Извори од Исламабад наведуваат дека целта е да се постигне мировен договор до втората половина на април.

Премиерот Шехбаз Шариф денеска разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, на кого му изразил солидарност и ги осудил израелските напади врз иранската цивилна инфраструктура. Пезешкијан му се заблагодарил на Шариф за „искрените напори на Пакистан за олеснување на дијалогот меѓу САД, Иран и земјите од Заливот“.

Претходно, Дар потврди дека Исламабад веќе служи како канал за пренос на пораки меѓу Вашингтон и Техеран.

Најнови вести од Вести

To top