Македонија лош ПР

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски: Обвинувања за влијание врз СДСМ и раководството на партијата

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Според него, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја води партијата во погрешна насока, постапувајќи по наводни насоки од поранешниот премиер Зоран Заев. Манасиевски обвини дека Филипче, како што рече, „ја турка партијата во бунар без дно“, следејќи совети од лица блиски до Заев.

Во своето обраќање, Манасиевски посочи и на наводни средби на Филипче во Ниш и во Грција со лица именувани како Башановиќ и Шчекиќ, оценувајќи дека отсуството на јавни информации за овие контакти отвора сомнежи за нивната природа и цел.

Тој дополнително обвини дека комуникациската стратегија на СДСМ се базира на, како што рече, „лажни вести, манипулации и клевети“, за што директно го посочи тимот поврзан со споменатите советници.

Манасиевски заклучи дека, според него, политиките на актуелното и поранешното раководство на СДСМ, вклучително и Димитар Ковачевски, довеле до значително слабеење на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top