Дисциплинската комисија на ЕХФ ја одби жалбата на Швеѓаните за изедначувачкиот гол на Франција во регуларниот тек од полуфиналето од ЕП..
Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на Шведската ракометна федерација (ШФ) поради голот со кој Французите израмнија на 27:27 и изборија продолженија, а потоа и победата за пласман во финалето на Европското првенство во Германија.
Беше поднесена жалба за некористење на видео преглед (ВАР) за проверка на последниот слободен удар, а беше отфрлена со образложение дека судиите не се обврзани да користат видео технологија.
Судиска двојка на полуфиналето Франција – Шведска беше македонскиот тандем Начевски Николов.
Can you believe what just happened? 😱😱#ehfeuro2024 #heretoplay #FRASWE pic.twitter.com/E4qzcY4jNT
— EHF EURO (@EHFEURO) January 26, 2024
„Дисциплинската комисија донесе одлука за протестот вложен од Ракометната федерација на Шведска за полуфиналниот меч на ЕП меѓу франција и Шведска, кој беше одигран на 26 јануари 2024 во Келн.
Протестот беше поднесен за некористење на видео проверка за да се провери последниот слободен удар за Франција во 60. минута од мечот. По внимателна проверка, одлуката е дека судиите не се задолжени да ја погледнат снимката. Видео-технологијата се користи само кога судиите или делегатот имаат сериозна дилема за некоја ситуација. Одлуката да не се прегледа снимката е во согласност со Легалните регуларции на ЕХФ.
Поради тоа протестот е одбиен бидејќи е неоснован“, стои во соопштението.