Македонија вкупно петти организиран лет

ВИДЕО: Трет лет од Дубаи за евакуација на македонските државјани, попладнево пристигнува во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

ВИДЕО: Трет лет од Дубаи за евакуација на македонските државјани, попладнево пристигнува во Скопје

Од Дубаи денес се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.

Од МНР информираат дека летот е предвидено да слета попладнево на Меѓународниот аеродром во Скопје. Пријавени се вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.

-Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605, велат од МНР.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

Најнови вести од Македонија

To top