Македонија економски раст

Стојаноски: Шест квартали по ред економски раст, капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 пораснале за 179,7%

Градежништвото со најголем раст – 14,6% во последниот квартал од 2025

Стојаноски: Шест квартали по ред економски раст, капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 пораснале за 179,7%

Македонската економија бележи стабилен раст шест квартали по ред, а најголем придонес во последниот период има градежниот сектор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Според него, во последниот квартал од 2025 година градежништвото забележало раст од 14,6 проценти, што претставува највисока стапка на раст меѓу економските сектори.

„Овој раст покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност“, истакна Стојаноски.

Тој посочи дека градежништвото има силен мултипликативен ефект врз економијата, бидејќи со растот на овој сектор се зголемува активноста и во транспортот, производството на материјали, трговијата и услугите.

Стојаноски нагласи дека позитивниот тренд продолжува и во 2026 година. Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од годинава реализацијата на капиталните инвестиции бележи трицифрен раст, односно зголемување од 179,7 проценти во однос на истиот период лани.

„По растот од 3,8 проценти на БДП и 14,6 проценти во градежништвото во последниот квартал од 2025 година, сега во 2026 гледаме и трицифрен скок во реализацијата на капиталните инвестиции, што значи дека економскиот мотор се засилува“, изјави Стојаноски.

Тој додаде дека ваквите показатели значат повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, како и повеќе економска активност и можности за работа за компаниите.

Според него, целта е економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност, преку политики што ќе ги забрзаат капиталните проекти и ќе обезбедат стабилен и одржлив развој.

Најнови вести од Македонија

To top