Македонија КОНТИНУИРАНА АНТИДРЖАВНА ПОЛИТИКА НА СДСМ

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

Пратеникот Миле Лефков тврди дека станува збор за „антидржавна политика“ давањето на државјанство на Александар Онишченко и отворило простор за руски бизнис интереси

Лефков: Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања кон раководството на СДСМ, тврдејќи дека поранешната влада предводена од Зоран Заев и актуелниот лидер на партијата Венко Филипче доделила македонско државјанство на украинскиот бизнисмен Александар Онишченко.

Според Лефков, Онишченко бил поврзан со проруската политика во Украина и со поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Тој посочи дека бизнисменот бил осуден во Украина на затворска казна за перење пари и корупција, како и дека во одреден период бил предмет на меѓународна потерница.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во време кога, како што велат, други држави не му дозволувале престој, македонските власти му овозможиле државјанство и услови за деловни активности во земјава. Лефков обвини дека со ваквите одлуки СДСМ „ја отворила вратата за руски бизнис интереси преку Македонија“.

Во изјавата беа изнесени и политички квалификации дека станува збор за „антидржавна политика“, како и тврдења за блискост меѓу раководството на СДСМ и рускиот претседател Владимир Путин.

Случајот со доделувањето државјанства на странски државјани во изминатите години и претходно беше предмет на политички дебати во јавноста, особено во контекст на безбедносните проверки и критериумите за добивање државјанство.

Најнови вести од Македонија

To top