Случајот во кој ученик од четврто одделение од основното училиште „Киро Глигоров“ извадил нож од ранецот пред соучениците, заврши во полицијата.
Од МВР денеска информираа дека во полициската станица станица настанот бил пријавен од родител на ученик во училиштето.
-Денеска (27.02.2026) околу 10:00 часот во СВР Скопје – Полициска станица Центар, родител на ученик во основно училиште на подрачјето на Центар во Скопје пријавил дека на вибер група помеѓу родителите се споделува информација дека еден ученик носи нож во училиштето. Се преземаат мерки зарасчистување на случајот, велат од МВР.
Како што претходно објавивме, ученикот од четврто одделение, според сведоштва на родители, досега неколку пати покажал агресивно и насилно однесување кон соученици. Состојбата со носење на нож во училиште, не е единствениот случај кој е поврзан со него. Минатата година нападнал и другарче од одделението кое е со посебни потреби. Во досегашните напади употребил ножици.
Целиот текст може да го прочитате во продолжение.