Заев и Филипче се кријат зад граѓанските тужби за клевета, кои ги највуваат за да инсинуираат сопствена невиност, посочи пратеникот Миле Лефков во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски. Укажува на фактот дека оваа шарада е несоодветна за еден премиер и еден министер кои во време кога луѓето на Онкологија се лекуваат со физиолошлки раствор, горат живи во Модуларни болници и умираат без вакцини, вие го оптоварувате Министерството за здравство со креирање 70 дозволи за одгледување марихуана, чин која бара многу административна работа, труд и ангажман на вработените. Прашува и со која сума би се задоволил Заев за наводната клевета?
-Граѓанската тужба за клевета не може да се користи кога вие имате бизнис или има индикации дека сте поврзани со бизниси зад кои стои подземјето. Најмалку што можете да направите е да го повикате јавното обвинителство да ги расчисти овие наводи и да кажете дека вие сте достапни на органите и дека сте подготвени да го дадете вашиот дел од приказната, само тоа е достоинствен исказ, потенцира Лефков, алудирајќи на фактот дека никој ен знае од каде пишува по ФБ Заев. Од Грција, од Дубаи ли?
„А јавното обвинителство и јавноста да не знаат каде сте, да се криете и притоа да споменувате граѓанска тужба која пак ќе повторам е целосно различен механизам од она што личности од јавниот живот се обидуваат да го прикажат. Најмалку што можат е да го повикаат јавното обвинителство и сите органи на прогонот, да кажат каде се и да дадат исказ на темата на која се прозивани, никако да се кријат зад инструментите за заштита затоа што станува збор за граѓански тужби во кои оној што изрекол некаква невистина треба да ви плати одреден надомест,“ им порачува пратеникот и правник Лефков.
„Која е цената која што треба да ја платиме за да јавноста да ја дознае вистината? Уште колку средства му требаат на Заев, уште 100 илјади, двесте илјади денари, уште колку му требаат за да можат јавноста и Македонија да ја дознаат вистината? Не може да бидете премиер и да имате министерство за здравство кое наместо да се грижи за здравјето на луѓето, да имате ситуација во која луѓето се лекуваат со физиолошки раствор, а пристоа истовремемно да имате дадено повеќе од 70 лиценци за одгледување марихуана, тие 70 лиценци значат огромен обен на админситративна работа. Значи, сте имале министерство кое наместо да ги лечи граѓаните, се грижело во Македонија да се одгледува марихуана. И тоа се факти. На кого ќе му поднесете тужба за ова и која е цената која ќе ја побарате? 100, 200, 5000 евра ќе побарате ли?“ катастрофално е да барате вакви работи и исто такви се оние кои што ги советуваат на ова, заклучува Лефков во НАТКАСТ на Курир.мк со Цветановски.