Македонија матни времиња кога власта беше на „жешка линија“ со мафијата

Зафировски за криенката на ДЕА од владата на СДСМ: Во тоа време, службите во МВР ги „покриваа“ нарко-каналите, сега довербата е вратена!

-Ни го испорачааа и многу малку јавноста потоа слушна што се случи со него, со тој командир кој беше уапсен како врска меѓу МВР и бандите од Грчец, потсети Заефировски, навраќајќи се на едни темни времиња за Македонија кога власта и криминалното миље беа на „жешка линија“, период кој ќе остане запаметен по идентитетското осакатување на Македонецот и тешкиот арамилак врз државната каса

Зафировски за криенката на ДЕА од владата на СДСМ: Во тоа време, службите во МВР ги „покриваа“ нарко-каналите, сега довербата е вратена!

ДЕА без знаење на Владата на Заев и министерот Спасовски  правеше акции во Македонија,  во кои се апсеа и полициски командири блиски до врхушката кои кодошеа за бандата од Грчец, потсети поранешниот прв антикорупционер Воислав Зафировски во „За или против“ со Љупчо Цветановски. Сега ситуацијата е поинаква, имаме редовна и блиска комуникација на ДЕА со актуелното МВР и службите, довербата е вратена, посочи безбедносниот експерт.

„Во нивно време, ДЕА правеше акции вез знаење на владата (на Заев) и без знаење на МВР. Во тоа време, тие делуваа буквално самостојно без да ги информираат надлежните служби во Република Македонија, од едноставна причина што тие служби всушност, ги покриваа нарко каналите кои одеа низ Република Македонија. Тоа беше единствената причина зошто тогаш ДЕА не комуницираше на професионален план со Министерството за внатрешни работи и со останатите надлежни служби од Република Македонија. Сега имаме поинаква ситуација, довербата е вратена, ДЕА има редовна комуникација со МВР, со надлежните служби во него и бидејќи е тука на овие простори, нормално е таа соработка да оди и надвор од границите на РМ. Тоа е случај во луѓето со кратко помнење се забораваат и сметаат дека и останатите се како нив, не се! Не, памтиме малку подолго и памтиме малку подобро од нив , така што секој обид да се престави овој случај со заплената намарихуана како нешто што треба да нанесе срам на нашите служби или срам на Република Македонија воопшто, е погрешна теза со извртени лончиња на масата се обидуваат да направат дефокус и некаква лажна претстава“, објаснува Зафировски.

За потсетување, акцијата „Планина“ насочена против македонската нарко-мафија беше пробиена од криминалците од Грчец и Гази Баба, по што полицијата остана со празни раце, а мафијашите избегаа. Следуваше соло-акција на ДЕА, изведена без никакво знаење на МВР на Спасовски и владата на Заев и Филипче, во која се испоапсија нарко-картелаши, многу марихуана и како бонус беше прилепскиот полициски командир близок до Заев, сликан во повеќе наврати во негово друштво.

-Ни го испорачааа и многу малку јавноста потоа слушна што се случи со него, со тој командир кој беше уапсен како врска меѓу МВР и бандите од Грчец, потсети Заефировски, навраќајќи се на едни темни времиња за Македонија кога власта и криминалното миље беа на „жешка линија“, период кој ќе остане запаметен по идентитетското осакатување на Македонецот и тешкиот арамилак врз државната каса.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top