Македонија возете внимателно

Магла на патот Штип – Неготино кај Серта, слаб снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри денеска има на патниот правец Штип – Неготино кај Серта. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести од Македонија

To top