Македонија бихаќка против упоз и ксс, ја брани врхушката на ссм. и обратно...

По Венко, сега и Јована бара 120 милиони за работниците: КУРИР им повтори каде да најдат 230-240 МИЛИОНИ ЕВРА!

Наместо да ги с’скаат ССМ да прават протести и да бараат 120 милиони евра од буџетот, можат галантно да најдат 240 милиони евра и дупло, море десеткратно повеќе од сопствените редови, од украденото од нивни екс и сегашни функционери. Почиста работа, здравје, ќе бидат вистински херои, Дедпул ќе може вода да им носи.

Во маката, пријателот се познава, велат старите. а кога Слободан имаше мака, се најде Јована да помогне. Сега, пак, да ти дошло време за враќање, Јована да ти имала мака, СДС уште поголема, Филипче најголема. И ете го Трендафилов, оком-скоком да учини.   

Така беше и во минатото, Црвенковски му помагаше на Муратовски, Ванчо му врати на Бранко со поддршка за изборите 2002-та. Во 2018-та, пак, Заев им помагаше на Димовски и Ајтов, а тие му вратија со поддршка за Референдумот за смена на името.
Панта реи не важи во односите на СДСМ-ССМ, таму ништо не тече нити се менува. 

Историјата се повторува, повторно и повторно на штета на работниците предводени од исполитизираниот ССМ.

По Венко, сега и Јована бара 120 милиони за работниците: КУРИР им повтори каде да најдат 230-240 МИЛИОНИ ЕВРА!

 

И по Венко, Јована.

Денеска Тренчевска, според познавачите – најлошата министерка за труд и социјала во историјата на Македонија и претставник на најелитистичката македонска партија во историјата каде работник нема стапнато нити на прагот, не па во нивните партиски „тела“, со широка насмевка и голем ќеф што ССМ пак игра по нивните ноти, им порача на граѓаните дека СДС е во потрага по 120 милиони евра за да им ги дигне платите. Нејсе што граѓаните пак ја упатија парите да ги побара во Дубаи кај нивниот облакодерски неимар, но Јована пак настапи со „копи-пејст“ и реприза на вчерашната урнебесна прикаска на Венко Филипче, од збор до збор:

„Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор.

Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети.

Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра.“

И пак се јанлаш, не се потребни пари од буџетот. Каде се парите и многу повеќе од потребното, вчера им одговори КУРИР во текстот „Пари има, само СДС да ги вратат: Филипче бара 120 милиони евра за минималец од 600, КУРИР најде за 900 евра“, каде многу хуманистички и општествено одговорно ги подучивме, каде да ги најдат потребните средства, па и многу повеќе.

Од Онкологија во време на Филипче се украдени 36 милиони евра, плус 2 милиони од Лотарија на Македонија, од ЕСМ 8 милиони евра, ФИТР скоро 4 милиони евра, ген-сековите Рашковски и Мухи скоро 10 милиони евра, Димова 2.5 милиони евра, Боки и Катица 8 милиони евра, Заев за Мамас грант 1,4 милиони евра, Заев од Глобал 8 милиони евра, Вице од јагленот 9 милиони евра (70-на милиони до сега), од Поткуп кој знае колку и на крај Карпушевски и Ковачевски со 160 милини евра со фиктивните сметки во ЕСМ и канцероген мазут. Има уште мнооогу криминал од нивно време, но да останеме само на ова.

Упс, испаднаа околу 240 МИЛИОНИ ЕВРА, а Филипче и Јована бараат саде 120  милини за 600 евра? Курир дојде до формула како да се зголеми минималната плата на 900 евра. Само горенаведените да ги вратат украдените пари од државата, ништо повеќе. Чиста работа…

Наместо да ги с’скаат ССМ да прават протести и да бараат 120 милиони евра од буџетот, можат галанто да најдат 240 милиони евра и дупло, море десеткратно повеќе од сопствените редови, од украденото од екс и сегашни функционери. Почиста работа, здравје, ќе бидат вистински херои, Дедпул ќе може вода да им носи.

Зборуваме за министерката која и покрај серија неправилности и одбивања во 2023-та го назначи Трендафилов за претседател на ССМ, во 2026-та го поддржа истиот во уништувањето на стандардот на работниците. Поддршката ан СДС и Тренчевска на ССМ и Трендафилов е калсичен пример на „НА ТИ ГО, ДАЈ МИ ГО“ непишаниот принцип. Ти на мене функција, ја на тебе протести кога ти требаат.

Тренчевска со ова заседно со својот СДС застана против мнозинството работници, предводени од УПОЗ и КСС, поддржувајќи еден одамна маргинализиран и исполитизиран ССМ. И сега, работниците од УПОЗ и КСС ќе добијат поголеми плати, а членовите на ССМ ќе тераат донкихотски битки на СДС.

Во маката, пријателот се познава, велат старите. А кога Слободан имаше мака да стане лидер на ССМ, се најде Јована да помогне. Сега, пак, да ти дошло време за враќање, Јована да ти имала мака, СДС уште поголема, Филипче најголема. И ете го Цобе, оком-скоком да учини и врати.

Така беше и во минатото, Црвенковски му помагаше на Муратовски, Ванчо му врати на Бранко со поддршка за изборите 2002-та. Во 2018-та, пак, Заев им помагаше на Димовски и Ајтов, а тие му вратија со поддршка за Референдумот за смена на името. „Панта реи“ не важи во односите на СДСМ-ССМ, таму ништо не тече нити се менува.

Историјата се повторува, повторно на штета на работниците предводени од исполитизираниот ССМ.

 

Најнови вести од Македонија

To top