Тој се осврна и на фотографијата што ја објави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оценувајќи ја за патетична, со цел лажно да прикаже дека никој не сака да преговара.
„Па да, малце беше патетично тоа што остана сам денеска во таа сала за состаноци, сала за прес-конференции, не знам што се случи, дури имаше и контрадикторни изјави претседателот на УПОЗ со претседателот на ССМ, тоа што се случува внатре само по себе кажува колку се “искрени“ во намерите да помогнат на работниците. Имам пресметано дека некаде околу 70-80% од институциите коишто треба да добијат зголемување на платите кои што во минатите 7 години беа изоставени токму поради молчењата на ССМ и на УПОЗ и не усогласување на платите согласно минималната плата“, рече Ралповски.
Тој истакна дека КСС трипати доставувала документи за репрезентативност, но тие со години биле чувани во фиока, притоа истакна дека ССМ 7 години молчеле додека работниците барале усогласување на платите.
„Ние секогаш сме се бореле и во минатото за системско решение, тие решенија носат резултати, кога ние 2017 година кажувавме да не го менуваат законот за плати и да не прават и да не дозволуваат популистички да се користи од тогашната власт они го дозволија тоа и заедно со претходната власт не исфрлија од Економско-социјалниот совет каде што бевме надвор се до 2025 година, три пати собиравме документи за репрезентативност, тие сите години беа чувани во фиока дури и се доаѓаше до ситуација да и СОНК требаше да потпише колективен договор договорен, ССМ не доаѓаше на тие седници да се додели репрезентативноста, излишно е да збориме дали СОНК ја имал репрезентативноста или не, но ете тоа се случи само од нивна исфрустрираност зошто некој да потпише некаков колективен договор. Тоа ете гледам дека сега им се удира од глава им се враќа назад, затоа што и сето она што сакаат да го спинуваат како борба за работничките права им се поврзува со она од минатото кога 7 години молчеа, кога 7 години молеше работникот за усогласување на платите“, вели Ралповски.