Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси – возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, додека пак таксистите во Солун одржуваат 24-часовен штрајк, со цел уште еднаш да ги истакнат нивните барања, јави дописничката на МИА од Атина.
Од синдикатите на такси-возачите соопштија дека бараат плоронгирање на законската обврска такси возилата од 1 јануари да бидат целосно електрични, бараат решенија за нелојалната конкуренција, но и дозвола сите такси возила да ги користат специјалните коловозни ленти наменети за автобуси.
Штрајкот на таксистите во Атина ќе заврши в четврток во 6 часот наутро, додека пак во Солун ќе трае до утре наутро.
Таксистите во цела Грција одржаа 48-часовен штрајк на средината на јануари, во Атина беше продолжен со уште еден ден, додека пак една седмица подоцна на 20 јануари грчката метропола повторно два дена беше без такси превоз.