Притисокот врз претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез е огромен, бидејќи навивачите бараат одговорност за падот на формата на клучните играчи Винисиус и Џуд Белингем.
Челси планира да ја искористи нестабилноста во Мадрид за да го врати Џуд Белингем во неговата татковина. Раководството на „сините“ од Стемфорд Бриџ подготвува понуда од 150 милиони евра, сума која би го срушила британскиот рекорд за трансфер.
Клубот од Лондон го гледа Англичанецот како идеална замена за Енцо Фернандез, кој е на излезни врати.
Покрај Челси, сериозен интерес покажува и Ливерпул, што дополнително ја зголемува пазарната вредност на играчот.