Македонија ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите

Андоновски: Медиумите да останат сплотени, опозицијата не смее да врши притисок врз новинарите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.

Андоновски: Медиумите да останат сплотени, опозицијата не смее да врши притисок врз новинарите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.

-Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.

Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.

Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.

-Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.

На крајот, Андоновски упати апел медиумите да останат единствени и професионални.

-Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови, заврши министерот Андоновски.

Најнови вести од Македонија

To top