Кај градскиот пазар во Крива Паланка ќе биде изградена катна каража со финансиски средства од Владата преку Министерството за транспорт.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја својот Фејсбук профил објави видео за овој проект, вели дека целта е да се реши проблемот со паркирање во централното градско подрачје.
-Проектот за поставување на урбана опрема и изградба на монтажно-демонтажен објект – катна гаража кај Градскиот пазар во Општина Крива Паланка има за цел унапредување на урбаната инфраструктура и решавање на проблемот со паркирање во централното градско подрачје. Со инвестиција од 55.941.669 денари, обезбедена преку Министерството за транспорт, проектот придонесува за подобра функционалност на јавниот простор, зголемена безбедност и унапредување на квалитетот на секојдневното живеење за граѓаните и посетителите, стои во објавата.
Проектот, според информациите објавени на фејсбук статусот, е во завршна фаза и треба да биде готов овој месец.