Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, преку објава на Фејсбук го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека изнесува невистини за наводен договор со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за предвремени избори.
Стојаноска тврди дека Ахмети не ја кажува вистината за средбата што се одржала во нејзината канцеларија, на која, според неа, лидерот на ДУИ нудел влез во Владата без барање за претседател на Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од барањата на коалицијата Влен, само за да биде дел од актуелната власт.
„Останавме истрајни на пораката од народот – дека ДУИ мора да оди во опозиција“, наведува Стојаноска, додавајќи дека Ахмети пред да изнесува вакви тврдења треба да биде подготвен и за, како што вели, изнесување на вистината од другата страна.
Во јавноста се отвора и прашањето дали ваквите изјави на Ахмети имаат за цел да се спречи ерозија во сопственото членство и кај нивните досегашни поддржувачи.
Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува…
Posted by Дафина Стојаноска on Friday 23 January 2026