Македонија „Трет неуспешен конгрес по ред“

Шилегов ја оспорува легитимноста на конгресот на Филипче: Трет неуспешен конгрес по ред

Шилегов рече дека ова ќе биде трет неуспешен конгрес по ред, по еден неодржан, истакна дека немало отчетен конгрес за причините по исходот на изборите во 2021, како и по парламентарните избори 2024.

Шилегов ја оспорува легитимноста на конгресот на Филипче: Трет неуспешен конгрес по ред

СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи?-анализира Телма.

Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје, екс- пратеник и функционер на СДСМ.

„Ниту јас лично, ниту луѓето на кои им значи СДСМ не треба да работат против партијата, рече Шилегов, кој истакна дека „темата дека овој конгрес ќе биде успешен или неуспешен е лажна“.

Според него,ако успее конгресот ќе биде само верификација на она што го нарекуваме „погрешни политики“ кои се водат во изминатиот период.

Шилегов рече дека ова ќе биде трет неуспешен конгрес по ред, по еден неодржан, истакна дека немало отчетен конгрес за причините по исходот на изборите во 2021, како и по парламентарните избори 2024.

-Според сознанијата што ги имам до делегатите и општинските организации се уште не се пристигнати конгресните материјали и заклучоци, рече Шилегов.

Тој смета дека е очигледно дека неколку одлуки се донесени во тесен партиски круг на неколку луѓе.

Најнови вести од Македонија

To top