Свет

Доналд Трамп и неговото семејство заработија 1,4 милијарди долари во првата година од мандатот

Доналд Трамп и неговото семејство во текот на првата година од вториот претседателски мандат остварија приходи од над 1,4 милијарди долари, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, оваа сума може да биде поголема бидејќи дел од приходите не се јавно достапни.

Доналд Трамп и неговото семејство заработија 1,4 милијарди долари во првата година од мандатот

Доналд Трамп и неговото семејство во текот на првата година од вториот претседателски мандат остварија приходи од над 1,4 милијарди долари, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, оваа сума може да биде поголема бидејќи дел од приходите не се јавно достапни.

Истражувањето на американскиот весник покажува дека 23 милиони долари се заработени од лиценци за користење на името Трамп во странство. Првата дама, Меланија Трамп треба да добие 28 милиони долари од компанијата „Амазон“ за документарен филм, додека 90,5 милиони долари се приливи од технолошки и медиумски компании по основ на правни порамнувања. Катар му отстапи на Трамп авион во вредност од 400 милиони долари, кој се користи како „Air Force One“, со план да остане во негова сопственост по завршување на мандатот.

Најголемиот дел од приходите, односно најмалку 867 милиони долари, потекнуваат од работа со криптовалути. Синот на американскиот претседател, Ерик Трамп, во изјава за „Фајненшл тајмс“ потврди дека заработката од овој сектор ги надминува јавните проценки. Моментално, организацијата на Трамп реализира 20 проекти во странство, меѓу кои хотел во Оман, деловна кула во Индија и голф терен во Саудиска Арабија.

Американски медиуми известуваат и за корелација меѓу деловните потфати и одлуките на американската администрација. Како пример се наведува намалувањето на царините за Виетнам по почетокот на изградба на голф-терен вреден 1,5 милијарди долари во близина на Ханој под брендот на Трамп. Исто така, по добивањето на авионот од Катар, претседателот јавно понуди заштита за оваа држава.

Во делот на дигиталните средства, инвестициска фирма од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) најави вложување од две милијарди долари во компанија поврзана со Трамп. Оваа одлука беше донесена пред администрацијата на САД да им одобри на ОАЕ пристап до напредни американски полупроводнички чипови. Според новинарот Рас Батнер, кој ги следи финансиите на Трамп, голем дел од средствата во секторот на криптовалутите доаѓаат од анонимни странски извори.

Имотот на Трамп при враќањето во Белата куќа е проценет како 16.822 пати повисок во споредба со просечното американско домаќинство, со што тој го одржува статусот на најбогат претседател во историјата на САД.

Најнови вести од Свет

To top