Регион

ВИДЕО: Хрватска пратеничка ја удри струја во парламентот, се слушна силен вресок

ВИДЕО: Хрватска пратеничка ја удри струја во парламентот, се слушна силен вресок

Хрватската пратеничка, Далија Орешковиќ, доби удар од струја во Парламентот. Нејзините колеги Иван Пенава и Јосип Јурчевиќ ѝ понудија помош.

Далија Орешковиќ доби удар од струја за време на вчерашната дебата во Хрватскиот парламент. Додека пратеникот на ХДЗ, Марко Павиќ, зборуваше, Орешковиќ се наведна под пратеничката клупа, вројатно сакајќи да приклучи полнач. Одеднаш таа гласно вресна. Стана и почна да тресе со раката.

– Застанете. Прости ми, колега Павиќ. Дај малку одмор. Дали сте добро колешке? Дали ви треба помош? – ја праша потпретседателот на Парламентот, Иван Пенава.

– Ме удри струја – одговори Орешковиќ.

– Слушнав. Дали сте добро? Немојте да правите краток спој. Дали ви треба помош? – Пенава продолжи.

– Сè е во ред – одговори Орешковиќ, која беше видливо шокирана.

Пратеникот Јосип Јурчевиќ ѝ пријде и почна да го испитува полначот.

Потоа Пенава му се извини на Павиќ што го прекина во своето излагање.

– Не, животот е важен – рече Павиќ.

Најнови вести од Регион

To top