Поминаа повторените локални избори во државата на кои кланот Дубаи доживеа уште еден дебакл и пораз.
Со победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше со повеќе од двојна разлика во гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 56 општини, а СДС остана на досега минимални 6 општини.
Овие локални избори извадија на површина една болна вистина за опозициската СДС на чело со Венко Филипче, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Се што можеше да загуби Филипче, како лидер на политичка партија, загуби на овие избори и СДС ја сведе во четврта политичка партија на политичката сцена во Македонија.
Нивната неконструктивност е жестоко осудена и казнета од народот, кој сака работа и резултати, а не инает и пропаганда за ситни политички поени.
Тоа е пораз на политика што со години произведуваше криминал, конфликти, национални предавства и деструкција, политика што ја држеше државата во место и ја трошеше енергијата на граѓаните.
И сето ова доведе до тоа, некогашниот голем СДС, сега со претседател Филипче, да не е ниту најголема опозициска партија во државава. Која штета.
Но, ако продолжат со овој нивен пристап, сега веќе докажан погубен по нив, да лиферува соопштенија напишани од северот, полни со навреди, квалификации и ниски удари кои немаат врска со македонската реалност, тоа им е сигурен рецепт за потценување на народот.
Ова потценување на интелигенцијата и интересот на македонските граѓани, на наредните избори СДС ќе ја оценат како минорна партија позиционирана на дното на политичката сцена.
СДС мора конечно да се соочи со сопственото коруптивно минато и со криминалците во своите редови, затоа што без тоа расчистување, без јасна дистанца од корупцијата и криминалот, оваа политичка партија нема да има ниту кредибилитет, ниту доверба, ниту иднина.
Граѓаните се презаситени од политиканти кои бараат заштита во политиката за сопствените гревови, а Македонија има потреба од натпревар на идеи, визии и програми.
СДС и Венко Филипче што побрзо да се отрезнат и да ги надминат своите тесни интереси и на македонските граѓани да им понудат здрава и одговорна политичка конкуренција со идеи за напредок и развој на државата.
Затоа што овие локални избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ во 56 општини во државата, покажаа дека народот бира, поддржува и наградува со доверба еден политички концепт кој нуди скромност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.