Премиерот Христијан Мицкоски ги објави проектите за трајна промена за Неготино кои претставуваат темели за сигурна иднина.
„Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат кој има за цел создавање на современа, функционална и добро организирана урбана средина.
Со проектот се предвидува пробивање и уредување на нови улици со вкупна должина од 550 метри, како и изградба на комплетна комунална инфраструктура која опфаќа водоводна линија, атмосферска и фекална канализација.
Инвестицијата изнесува 29.603.854 денари и е целосно обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт и врски.
Проектот има долгорочно значење за развојот на Неготино, бидејќи придонесува за рамномерен урбан развој, подобрена безбедност и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, поставувајќи темели за модерен и одржлив град“ објави Мицкоски.
Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат кој има…
Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 12 јануари 2026