Вести интернетот го „запука“ али

Шеги на сметка на Алија: Ахмети призна дека има деменција – Нема да се врати дома ако излезе на улица…

„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома“. Оваа трозначна речница, која сега е предмет на дузина тролања по соц-мрежите, Алија непримислено им ја рекнал на брифинг на новинарите. Деменција и расипан ГПС се само дел од шегите на сметка на Ахмети…

Шеги на сметка на Алија: Ахмети призна дека има деменција – Нема да се врати дома ако излезе на улица…
  • „Али Ахмети се пожали дека не му работи ГПС-от.“ „Грд начин да признаеш дека имаш деменција.“ Ова е дел една од стотиците шеги на сметка на лидерот на заминување во ДУИ кој несреќно срочи:
  • „Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома“. Оваа трозначна речница, која сега е предмет на дузина тролања по соц-мрежите, самиот Алија непримислено им ја рекнал на брифинг на новинарите.
  • Се пофалил дека никој во Македонија не знае подобро да прави национализам од него и дека тој ја уништил Југославија. Затоа, следствено на искреноста, на  интернет го обвинија и за војната во Виетнам, за Пунските војни, за онаа во Ирак, во Сирија, а најнова му била онаа во Украина. Се спремал и за судирот на Гренланд.
  • Ахмети со сиот ум го условил и влегувањето на ДУИ во секоја идна влада со Бадентер по чиј принцип би се правел и изборот на владата и би се носеле одлуки во Уставнииот суд.
  • Следно било и сите куќни совети да имаат Бадентер, да го има по пазарите, по фамилии и во кладилниците. Крајна идеја била и за умирачка, да мора да се консултира Бадентерот. па ако даде, даде, ако не, тоа тие е…

Теми на денот

To top