Македонија партиска кореографија која само потсетува на едни мачни времиња

Фактор: Отпор, борба со режимот, бомби – Ќе успее ли „дежа ву тактиката“ на Филипче во окрупнување на опозицискиот фронт

Уште повеќе некои би рекле дека Филипче со овие потези покажува дека е идеолошка копија на Зоран Заев и со тоа дека ги потврдува обвинувањата дека е под негово директно влијание, едноставно лидер кој е поставен таму за да ја „грее“ претседателската фотелја, наместо да биде вистински опозиционер кој може да му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ.

Фактор: Отпор, борба со режимот, бомби – Ќе успее ли „дежа ву тактиката“ на Филипче во окрупнување на опозицискиот фронт

2015 година се јави кај СДСМ да си ги побара назад опозициските тактики на (поранешниот) лидер Зоран Заев. Дали е ова легитимна тактика на Венко Филипче во градењето опозициски фронт, или само купување време пред да се соочи со сопственото членство и досегашните неуспеси на СДСМ?

Отпор, борба со режимот на ВМРО-ДПМНЕ, бомби со вистината за криминалите на власта, единствена надеж за спас на демократијата во Филипче, фали уште „Бела чао“ да се свири во Собрание и по партиските штабови на СДСМ за целосно да се врати „филмот“ од пред десетина години. Тогаш СДСМ се обидуваше да ја промени опозициската борба со поранешниот премиер Никола Груевски со надежниот тогашен лидер Зоран Заев, анализира ФАКТОР.МК

Филипче како да го користи истиот прирачник на Зоран Заев, обидувајќи се да ја активира мускулната меморија на СДСМ и опозицијата дека нивниот главен политички непријател е власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а не борбата меѓу десетината раскарани партиски крила и фракции.

Но, истовремено како да ги игнорира променетите општествени прилики бидејќи сега сме 2025 година, а не 2015 година. ВМРО-ДПМНЕ е нецели две години на власт, и иако Мицкоски се уште не посегнал врз демократските придобивки, како јавна и медиумска дебата, критички јавни простори и можност за опозицијата да ги претстави своите ставови.

Дали истите критики Мицкоскоски ги доживува добронамерно и дали ги прифаќа е сосема друго прашање, но засега се уште нема таква итност дека власта се претворила во режим кој ги злоупотребува полугите на институционалната моќ за свој бенефит и само и само да остане на власт.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Затоа и оваа „режимска“ тактика на Филипче и СДСМ е насочена повеќе кон засилување на сопствените редови и партиски позиции, отколку кон пошироката јавност на гласачи кои се во центарот, неопределените, или пак тие кои имаат сериозни сомнежи околу симпатиите кон актуелната власт. 

Уште повеќе некои би рекле дека Филипче со овие потези покажува дека е идеолошка копија на Зоран Заев и со тоа дека ги потврдува обвинувањата дека е под негово директно влијание, едноставно лидер кој е поставен таму за да ја „грее“ претседателската фотелја, наместо да биде вистински опозиционер кој може да му се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ.

Долгорочно Филипче и СДСМ ќе мора да размислуваат за нов пристап во опозициската борба, отколку да се препуштат на рефлексите и панично да пробуваат се и сешто, само за да видат што од тоа „лепи“ и уште колку долго може да ја држат водечката палка во опозицискиот простор.

Спротивно на тоа, сегашната партиска кореографија само потсетува на едни мачни времиња на „рушење на режим“ кои водеа кон седум години власт на СДСМ каде беше разочарана борбата со организираниот криминал и високата корупција, а државата помина низ болни соседски и меѓународни компромиси без вистински фокус на домашните општествени проблеми.

Секако без силна опозиција секогаш постои опасност од тромава, но корумпирана и самозадоволна власт, па затоа СДСМ и воопшто опозицијата како потесен или поширок фронт треба што побрзо да го најде својот идентитет, модус операнди и визија за да насочи фокусот кон власта, не само преку сувопарна критика, туку и преку понуда на конкретни политички решенија кои ќе бидат конкурентни и вистински коректив.

 

Х.С. за ФАКТОР.МК

Најнови вести од Македонија

To top