Свет без струја голем број домаќинства

ВИДЕО: Страшни снимки од Јапонија по разорниот земјотрес, можни бранови високи до 3 метри

Три лица се повредени во силниот земјотрес, едно во префектурата Аомори кога се урна пат и две во Хокаидо поради одрони, соопшти локалната самоуправа.

ВИДЕО: Страшни снимки од Јапонија по разорниот земјотрес, можни бранови високи до 3 метри

По силниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска во близина на брегот на Јапонија, следеа уште два посилни земјотреси, според податоците на Јапонската метеоролошка агенција.

Петнаесет минути по земјотресот со јачина од 7,6 степени, регистриран е земјотрес со јачина од 5,6 степени, а десет минути подоцна, регистриран е малку послаб земјотрес од 4,0 степени.

Официјално предупредување за цунами е издадено за Хокаидо, Аомори и Ивате, со напомена дека се можни бранови високи до три метри, пренесува Танјуг.

Првиот земјотрес се случил на растојание од околу 84 километри од градот Хачинохе во североисточниот регион Хокаидо.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри. На истото место е регистриран уште еден силен земјотрес, на длабочина од 40 километри.

Три лица се повредени во силниот земјотрес, едно во префектурата Аомори кога се урна пат и две во Хокаидо поради одрони, соопшти локалната самоуправа.

Најмалку 2.700 домаќинства останаа без електрична енергија во префектурата Аомори, каде што избувнаа и два пожара, објави „Кјодо“.

To top