На денешниот настан посветен на Националната конвенција за Европската Унија, Венко Филипче несвојствено за него ја отвори сдмовската душа и призна дека, верувале или не, нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во процесот?!
Сфати ли, конечно, Филипче дека пристискањето за внос на истите во Уставот ги донесе СДС на ова дереџе на политичката сцена во Македонија?
Од рубриката „верувале или не“, но тој денеска истакна и дека нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во процесот.
„Можно е да не биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од соседите.“ изјави Венко, кој до вчера како слеп за стап притискаше за спроведување на истите тие уставни измени, колку и да се диктат, условување и бугарска уцена.
Познавачите велат дека ова е само една нова епизода на Филипче, кој откако ќе добие некоја воспитна од Заев, повторно ќе запне за спроведување на уставните измени. Несреќен излет на искреност, кој ќе заврши со ќотек од менторот од Муртино…