Година на висок процент на реализација на зацртаните проекти и планови, со силна подршка на сите типови власт кои ќе работат во една кохезија и синергија, ова се очекувањата на пратеникот и економист Тони Јаревски, кој во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски ги пренесе своите проекции за случувањата во 2026-та година на економски план.
-Очекувам да ги исполниме заложбите. Очекувам многу висок процент на реализација на зацртаното и тоа на сите нивоа на власт. И на централна, на извршна и на локлана власт, една кохезија, една синергија на спроведувањето на активностите, проектите, тековите, реализацијата на плановите и проекциите кои што ќе имаат мултиплицирано дејство, бидејќи не можете вие да имате некој кој што успешно напредува, а другите два-три сегменти да ви стојата, потенвира пратеникот Јаревски.
-Така што мислам дека сите типови на власт меѓусебно ќе се поддржуваат, комуникацијата е голема, желбата за реализација е исто така голема, капацитети има, проекти се направени, финансиските конструкции во најголем дел веќе се обезбедени, така што проектите се реално остварливи и очекувам во 2026-та, она што го кажувавме – Буџетот да биде слика и рефлексија на состојбите во целата држава, значи, една стабилизирана држава која веќе ги прави првите чекори кон развој кон средни патеки, посочи Јаревски во НАТКАСТ на КУРИР.МК.