Македонија

Муцунски: Аеродром доби ново детско игралиште – донација од Државата Израел

Денеска, амбасадорката на Државата Израел, Вивиен Ајзен, градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваа на отворањето на новото детско игралиште – донација во чест на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.

Муцунски: Аеродром доби ново детско игралиште – донација од Државата Израел
Денеска, амбасадорката на Државата Израел, Вивиен Ајзен, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваа на отворањето на новото детско игралиште – донација во чест на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
– Упатив искрена благодарност до Владата и народот на Израел за континуираната поддршка и солидарност. Во изминатите три децении изградивме пријателски и динамични односи, засновани на заемно разбирање, почитување и поддршка, со соработка во бројни области, напиша Муцунски на својот Фејзбук профил
Овој проект е симбол на пријателство, доверба и меѓусебно почитување. Место на радост и смеа за децата, но и потсетник дека вистинските мостови меѓу народите се градат преку соработка, разбирање и искрени човечки вредности.

Аеродром доби ново детско игралиште – донација од Државата Израел. 🇲🇰🇮🇱

Денеска, заедно со амбасадорката на Државата…

Posted by Timco Mucunski on Monday 10 November 2025

To top