Скопје изминатиот период преплавено е од смет и отпад. Контејнерите насекаде преполни, отпадот расфрлан на сите страни, а од надлежните никаде на терен.
И додека градот тоне во нечистотија, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска најде време да се снима и фотографира пред владата на Република Македонија.
Со ова Арсовска уше еднаш ја покажа арогантноста и самобендисаноста, а со ваквиот чин уште еднаш дека не сака да го реши проблемот со отпадот во градот, притоа обидувајќи се вината за валканата состојба да ја префрли на некој друг иако претпријатијата, во случајот Комунална хигиена која е под директна нејзина надлежност, а директорот на истото претпријатие е именуван токму од Арсовска.
Поминаа 4 години, ќе поминат уште овие неколку дена и Скопје ќе добие нов градоначалник кој ќе има за задача да го исчисти овој смет и сиот шут низ градот и во градот, а надлежните од правосудството ќе треба треба да ги откријат причините за тоа како Скопје од убав и чист град се претвори во голема депонија.
Инаку, градоначалниците на скопските општини самоиницијативно со сопствена механизација и со механизација на на одговорно општествени компании се обидуваат да го исчистат одпадот од своите општини.
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.
Како што информираат од ЈОРМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“.
Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба.
Владата претходно соопшти дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.
– Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување, ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.