Хроника

Уапсени дваесетина лица во Прилеп поради злоупотреби со тендери во општата Болница во вредност од 800 илјади евра

Финансиска полиција во утринските часови уапси 20 тина лица од Прилеп меѓу кои 8 вработени од Општата Болница Прилеп на нивните работни места во врска со злоупотребите со тендерите, дознава Курир.

По наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Се преземаат дејствија за наводи против повеќе лица за злоупотреби.

Според информациите, приведени се повеќе лица поврзани со сомнежи за сторен криминал, со тендери во работењето на здравствената установа.

Истрага и за раководни лица, поради злоупотреби со јавни набавки, во вредност од 800-ни илјади евра.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во април прилепското обвинителство постапуваше во предистражна постапка поради сомневања за кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување. Тогаш беше извршен претрес на осум локации, а дејствија преземаше и Управата за финансиска полиција.

Детали за акцијата од Обвинителството најавија во текот на денот.

To top