Свет Газа

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток и за судирот во Појасот Газа, соопшти Кремљ

Телефонски разговор Путин – Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блиски Исток и за судирот во Појасот Газа, соопшти Кремљ.

Путин и Нетанјаху разговараа и за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа.

Рускиот претседател го потенцирал ставот на Москва за сеопфатно решение за палестинското прашање врз основа на меѓународното право.

Двајцата лидери разговарале и за изнаоѓање решение за нуклеарната програма на Иран и стабилизирање на ситуацијата во Сирија.

To top