Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска беше во малешевските села Русиново и Робово, каде што оствари средби со кандидатот за градоначалник на Општина Берово, Петар Ружински, носителот на советничката листа, Влатко Шахпаски, и кандидатот за градоначалник на Пехчево, Александар Китански.
Во Русиново, разговорите со земјоделците се фокусираа на предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор во Малешевијата, а присутните имаа можност отворено да ги изнесат своите ставови и барања.
Во Робово, министерот Трипуновски се сретна со Александар Китански и локалните земјоделци, при што се разговараше за развојни проекти, поддршка за производителите и можности за соработка помеѓу централната и локалната власт.
-Со силна соработка помеѓу централната и локалната власт ќе донесеме вистински развој за земјоделството во Малешевијата и Пехчевско,“ истакна министерот Трипуновски.
Кандидатите Петар Ружински, Влатко Шахпаски и Александар Китански ја изразија благодарноста за посетата и поддршката, нагласувајќи дека земјоделството ќе биде еден од врвните приоритети во нивната работа.