Во рамки на востановената повеќедецениска пракса на константна злоупотреба на туѓата несреќа, „шема“ која е особено изразена и зазема алармантни граници на непристојност, безобразлук и пропаганда кога се во опозиција, СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче повторно атакува врз власта, овојпат за пожарите. Во јавноста веќе се коментира дека додека нивиот довчерашен коалиционер пали депонии, СДСМ ја има улогата на мегафон да ја „пали“ јавноста, насочувајќи го незадволството кон актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ. Повеќе од едноставна шема, ти ќе палиш депонии, јас ќе плукам по ВМРО и ВРЕДИ дека не знаат да ги спречат.
Уште поиндикативно, за се’ е крива власта која е саде година и 3 месеци на власт, а вие кои цели СЕДУМ години го уништувавте системот (15 наспрема 84 месеци), сте целосно невини и сега не’ спасувате од оние кои со крајни напори се обидуваат да го санираат она што СДС/ДУИ ТЕНДЕР КОАЛИЦИЈАТА ( по нов пожар-коалиција по соц-мрежите) го укашкаа, руинираа, уништија, девастрираа, распродадоа итн.
Така, надобудниот филантроп Филипче, крајно загрижен за своите граѓани по 84 месеци аздис, се врати од луксузните ексурзии на јахти и Дубаи лумперајки за да ни соопшти:
„Од оваа влада не видовме ниту едно решење на ниту еден проблем, ниту едно предлог-решение на овие сериозни проблеми кои што се напластуваат изминатите година и пол, како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на власт“, додаде прекумерно загрижениот, растреперен и крајно потресен претседател на СДСМ.
Онаа, лошата власт на ВМРО-ДПМНЕ која нема понудено ниту едно вистинско решение за ниту еден проблем кој го генерираа СДСМ и ДУИ.
Позитивно е само што не носеше маска по вчерашната лумперајка без истата, нешто што неговата портпаролка не го направи. Оние маски, гарант останати во СДС-магацините од короната, период во кој бевме рекордери по смртност додека Венко беше министер, во она време кога со Заев вртеа кругчиња по државата со БМВ-ата од над 30 илјади евра, а граѓаните умираа како пилци. Времето на аферата со кинеските вакцини, по која следувал периодот на џипиштето подарено од 130 илјади евра, кое е продадено, пред хациендите на Нерези, пред лумперајќите во Дубаи и екскурзии на јахти од милион евра…
И така, Филипче, народски кажано, повторно се развика ФАТЕТЕ ГО КРАДЕЦОООТ!!!
Веднаш по него, со идентичен наратив (како калапени) се јави и Шукова, неговата кандидатка за градоначалник на Град Скопје, единствена која се нафати на утопијската кандидатура со одамна познат резултат и изјави:
„Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Каја, но не кажа чуму не мрдна со прст за истите тие скопјани околу ова ПРАШАЊЕ во таа цела ГОДИНА ИПОЛ кога беше, ни помалку ни повеќе, туку министерка за ЖИВОТНА СРЕДИНА, читај ЕКОЛОГИЈА…