Македонија Колумни сдс=удба+кос+озна+убк+анб+ар+...

Стари, удбашки навики на СДС

„Големи ува“, „бомби“ ли, секогаш едно те исто. А ВМРО-ДПМНЕ е на власт, СДС вади незаконски прислушкувани материјали. Во еден од илјадниците црни бисери на Муртинхаузен, тој кажа дека холокаустот бил еврејска традиција. Традиција на СДС пак, е злоупотребата на службите, логичен след на нивната генеза и удбашка генетика. Традиција на неработа и користење на плодовите на кодошките мастрафи и инсталирани партијци во службите. Традиција, која како и самата СДС, по 34 години, треба и мора да се прекине.

Стари, удбашки навики на СДС

Комуњарите прислушкувале опозиција, новинари и јавни обвинители? Чудна ми чуда, би рекол народот македонски. Би било чудно да е поинаку. Тоа е стара, прастара СДС навика, која едноставно е неизоставен дел од нивниот удбашки ген.

Генезата е многу лесно опислива. Пластично. Во веќе далечната 1991 година, службите си се трансформираа во СДСМ. Остатоците на УДБА, КОС и ОЗНА, кои беа веќе инфилтрирани во екс ЈУ политиката, со веќе проверените политички експоненти си формираа партија. Чиста работа. Собраа, исто ко Заев, шуто и рогато и се’ она што беше против Македонија и си се стокмија на политичката ни сцена. Цели 34 години. Не победија на избори, ама оформија влада. Првата антимакедонска гарнитура од независноста. И си ја истераа „транзицијата“ во два мандати, си ги украдоа државните фирми. Сменија и знаме, прифатија „привремено“, 24-годишно име, абе ебаа мајката.

А потоа, е потоа, „врло“ логично, пошто не ги биваше ни за криво онакво, изгубија. Ко Грчка на времето. За да се вратат, во 2000-та го измислија „Големото уво“ на Бранко, ги разгибаа и ги разбудија удбашките ќелии по државните служби. Верушевски го заигра орото. Лажеа без усул дека МВР прислушкувало, а тоа да ти биле нивните СДС атвизми во истото тоа министерство. И? И почнаа да прават пат за враќање. И таман го утапкаа, би војна. Замисли? Случајно, нели? За да, симптоматично, си се вратат на „голема врата“ и сцена по конфликтот во 2001-та. Инаку, ќе отидеа во заборав. Арно ама, се појави еден конфликт…

И што би? Та сменија територијална организација на Македонија, изведоа  поделба на територии, албанизираа македонски општини, си изведоа изборен инженеринг. Се’ што им се побара, од каде и да е, извршија. Беспоговорно. Како и секогаш. И во 2006-та, пак траснаа. Ама јако. Башка заслужено. Позаслужено, здравје.

И, пак, немаше да се вратат никогаш. Да не беа удбашките им остатоци по државата, нормално. И пак, како и секогаш…

Прво, се обидоа со Чаушот и лажната афера за уште полажни лични карти, за која еден колега доби и награда од ЗНМ. Чаушот сликан со Зоки Муртински заврши во затвор. Црпко не. И никому ништо… Статива. Велат по кулоарите, дека некој длабоко имал вмешано раце и во Монструм, во Диво насеље и останатите нелогични терористички чинови во државата, насочени само и само кон уривање на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Редица немили настани, кои и те како влијае врз имиџот на државата, но и врз и душевната состојба на народот. Арно ама, докази нема…

И што би после сите овие неуспешни обиди? Па, би шарената дееволуција која од државата создаде 7-годишен протекторат и од луѓето учесници – мајмуни. Дееволуција проткаена со најсигурниот и испробан рецепт. И пак со Верушевски.  Удбашки финти во крешчендо или илјадници незаконски прислушкувани разговори кои зевзекот од Муртино ги нарече „бомби“. Пак и пак, едно те исто би рекол Рамбо Амадеус. Демек, забеганите вмровци си се прислушкувале самите, така барем лупаа наследниците на ОЗНА и КОС.

И покрај тоа, не победија на избори, та мораше под притисок на истите тие „бомби“ да ускокне и ДУИ. ОК, факт е дека освен остатoците на УДБА, тука им помогнаа и некои други, многу појаки странски агенции, ама работата беше завршена. Името исконско беше сменето. Се’ друго беше небитно.Затоа, за награда добија грејс-период од 7 години да крадат ко улави.Но, и тоа имаше крај, разбирливо. И траснаа, ама со тврдо атерирање во 2024-та. Што ќе сееш, ќе си жнееш, нели? Или нема, ако имаш обвинителство и судство орно и спремно да те брани, искомбинирано со удбаши во АНБ и АР, отстапница направена за „црни денови“? Или, не е баш така…

И лето Господово 2025-то, што дознаваме? Дека СДС и нивните експоненти не’ следеле и прислушкувале од 2019-та до 2024-та. Нас, новинарите, нашите медиуми, лидерот на опозицијата, обвинители кои се одметнале и решиле да тераат вистинска правда, бизнисмени, кого ли не.

И под кој изговор на Викторио, деспотот во АНБ? Дека работеле на уривањето на власта на СДС/ДУИ? Чек, чек, чекајте малку, ова не е Монти Пајтон? Па на што друго би работела опозиција и критички медиуми, освен на уривањето на една ненародна, арамиска, анационална и ултра-неспособна влада? За што би се залагал секој нормален човек во таа држава, освен да ја смени таа хохштаплерска и аморална гарнитура која ги погази сите начела на владеење? Влада која тероризираше семејства и затвораше патриоти со филмски апсења, која уценуваше пратеници за промена на име, која тераше рекорди во траење на нехумани судски процеси, која ја ограби државата, клапа која играше баскет и фудбал по канцеларии и трошеше 20.000 евра во еден ден на ќебапи? Поголема глупост, не сте чуле. Замисли само, опозицијата и критичките медиуми и новинари да работеле на промена на власта. Законски, не со прислушкувани разговори, не со „бомби“, нити со гранати. Новинарите се дрзнале да пишуваат и истражуваат, опозицијата се органзиирала да ја урне ненародната, аздисана власт.Абе јак грев, непростиво…

И Муртинхаузен се јавил кај Викторио, а после и кај Заре, тие ги вклучил агентите и механизмите за следење, а истото го сториле и во Агенција за разузнавање . И додека тие кои треба да се грижат за безбедноста на државата се занимавале со критичките новинари и со Христијан и опозицијата, кој знае што ни правеле странските служби и организации по Македонијата. Добро е што воопшто и постоиме, нели?

И сега, наследникот на Црпко звани Венко ќе ги брани Викторио и Заре и ќе прави прес-конференции за дигресија по нарачка на Заев, а Димовски и Милошевски наместо да свират клавир ќе делат ум? Ајт, сиктер таму. Сите заедно треба да ве згрижи и вдоми Утковски. До еден…

Во еден од илјадниците црни бисери на Муртинхаузен, тој кажа дека холокаустот бил еврејска традиција. Традиција на СДС пак, е злоупотребата на службите, логичен след на нивната генеза и удбашка генетика. Традиција на неработа и користење на плодовите на кодошките мастрафи. Традиција, која како и самата СДС, по 34 години, треба и мора да се прекине.

 

П.С.

И оној Коцевски, да престане да се крие ко онакво под кошула и конечно, да почне да си ја врши работата.

И доста веќе со она:

Пушти го, будала.

Остави, будала.

Батали го, будала.

И така, под тепихот се собраа еден куп будали…

Крајно време е да расчистиме со нив.

Со удбашите, башка….

To top